Познатиот српски музичар Драган Стојковиќ Босанац се врати на снимањето на новата емсисија од музичкото шоу„Ѕвездите на Гранд“, првпат по операцијата на срцето која му беше направена неодамна.
Имено, Босанац ги избегнал новинарите и фотографите, а не сакал ниту да дава изјава по интервенцијата која ја имаше.
Потсетуваме, музичарот пред десетина дена имаше операција на срцевиот залисток, а неговата ќерка Александра Стојковиќ Џиџа минатата недела откри дека се поминало во најдобар ред.
-Одлично се чувствува. Операцијата беше рутинска- кажа таа за српските медиуми, додека Босанац деновите по операцијата ги помина во домашни услови.