Радио Милева приказни од зад „спортската“ сцена

Борко Ристовски јавно го „прозва“ Перо Антиќ: „Не сакам Перо Антиќ утре да биде идол на мојот син, јавна тајна се работите кои тој ги прави“ (ВИДЕО)

Борко Ристовски јавно го „прозва“ Перо Антиќ: „Не сакам Перо Антиќ утре да биде идол на мојот син, јавна тајна се работите кои тој ги прави“ (ВИДЕО)

Сите го знаеме како министерот за одбрана, но не оној вистинскиот, туку само кога е ракометот во прашање. Македонската ракометна легенда, откако го потпиша договорот со РК „Вардар“ се стационираше во Скопје, каде што напорно тренира и ужива заедно со своето семејство.


Доколку ги следите неговите профили на социјалните мрежи, сигурно сте ги забележале неговите објави, а впечатливи и забележителни се особено оние  поврзани со екс – кошаркарот и некогашен македонски репрезентативец Перо Антиќ, сега претстедател на КФСМ.

Имено, Борко Ристовски неколку пати, јавно го прозва Перо Антиќ, а ТВ “магазинот од зад сцената – Бекстејџ“ реши да ја истражи причината за таквата прозивка.

Ристовски пред ТВ објективот на камерата, искрен и отворен, без влакна на јазикот „распали“ по Антиќ.

„Ништо лично не се случува помеѓу мене и Перо Антиќ“ – ја започнува својата приказна Борко.

„Моите објави се во друга насока. Тој сепак е бивш спортист и човек кој треба да биде идол на многу дечиња кои треба да се угледаат на него, а тој некаде по пат ги изгуби тие човечки вредности. Можеби човекот се изгуби самиот себе си некаде, не знам, меѓутоа она што тој го преставува во овој момент, е цел на моите објави и моите критики. За жал, човекот прави се’, само не придонесува за кошарката и спортот и не е нејзин преставник и идол на кој децата ќе можат да се угледаат. Јас имам мало детенце, син, но не би сакал утре тој да има идоли како што е Перо Антиќ на пример и она што тој го преставува во моментов. За жал, реалната состојба е таа.

Мене ми е жал еден голем спортист аси дозволи да се доведе на ова ниво. Од успешениот и голем спортист, Перо Антиќ ова што е сега, не е ниту бледа сенка“.

Што точно кажа  во интервјуто, погледнете во видото во продолжение:

To top