Радио Милева
Стави нов параф

Борко Ристовски стави потпис на новиот договор… овој пат доживотен: Погодете за кого потпиша македонскиот голман? (ФОТО)

Борко Ристовски стави потпис на новиот договор… овој пат доживотен: Погодете за кого потпиша македонскиот голман? (ФОТО)

Македонскиот ракометен голман и чувар на мрежата на „Барселона“ завчера повторно стави  потпис… Потпиша сосема нов договор… овој пат доживотен! При тоа му беа прочитани и правилата на играта, оние… законските, кои мора да се почитуваат! Висината на договорот – непозната!

Потписник од другата страна, една млада, убава, шармантна дама… Отсега таа и тој ќе играат во ист клуб… Клубот на животот во брачна заедница. Затоа и официјално го ставија својот потпис и бурмите на рака. Таа останува да го носи истото презиме – своето, а сепак неговото, без ништо да менува!

Зашто и пред тоа и сега обајцата исто се презиваа(т): Ристовски! Таа, убавата кумановка Николина – Нина, идната мајка која е во осмиот месец на бременоста, тој, македонскиот „министер за одбрана на ракометната мрежа“ – Борко! Од пред ден-два и официјално сопружници, наскоро и за прв пат родители!

„Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно“ – напишала г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.

Од погледот и се гледа дека блеска од среќа. Како скапоцен дијамант!

Веројатно така и ќе ја чува нејзиниот Борко! И неа и идниот наследник!  Успешно и дури многу повеќе од тоа што умее да го чува голот. Нека е со среќа!

Останати вести од Радио Милева