Радио Милева Горд татко

Борко Ристовски покажа како им успева семејната идила – постарото синче е бато за пример (фото+видео)

Борко Ристовски покажа како им успева семејната идила – постарото синче е бато за пример (фото+видео)

Нина, сопругата на ракометниот голман Борко Ристовски, пред повеќе од 15 дена се породи по втор пат и на свет донесе девојче на кое родителите му го дадоа името Анастасија.

Највозбудено за пристигнувањето на новороденчето дома беше постарото братче Душан или лавчето како што го нарекуваат мама и тато.

Сопругата на Ристовски се породи на 31 – ви Јануари, а Борко сега објави една од ретките семејни фотографии и покажа кој е најзаслужен за  хармонијата во нивното проширено семејство.

Имено, „министерот за одбрана“  покажа дека  синот шутира топка во дворот заедно со него во вечерните часови, додека мајка Нина ја успива малата Анастасија.

Но, потоа пред спиење Душан седнува и медитира, за ем тренингот да биде целосен и успешен пред да се вратат во домот, ем полесно да го фати сонот.

„И нормално медитација пред спиење“ – разјасни Борко, кој  на објавата додал и емотикони со смајли.

Потоа гордиот татко  на социјалната мрежа Инстаграм го објави и резултатот од тренингот – медитација,  преку  емотивно видео од семејниот дом, заедно со наследниците во дневната соба каде докажа дека неговото синче навистина е батко за пример кој успешно си ја сфатил улогата:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Borko12Ristovski (@borko12ristovski)

„Не се потребни зборови“ –  Секојдневно ме изненадува. Мојата душа … мојот Душан – напиша тој под објавата.

На видеото малата Анастасија спие во прегратките на татко и, додека нејзиниот постар брат Душан седи до неа и се обидува да ја „провери“ дали малата дадичка навистина спие.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Борко Ристовски

 

To top