Бора Ѓорѓевиќ, пејач и фронтмен на рок групата „Рибљ чорба“, не може да прифати дека го нема веќе неговиот пријател и колега од бендот, Миша Алексиќ, Џеј Рамадановски, Тихомир Тика Арсиќ…
„Гледав во весникот утрово и со олеснување констатирав дека денас никој близок не умрел“ – очајно изјави Бора.
„Беше невозможно Џеј да не се сака. Чорба за првпат замина на австралиска турнеја во 1990 година со тогаш младиот Џеј. Тој беше на почетокот на својата кариера, љубезен и симпатичен“ – се присети Бора.
Прославениот бенд и починатиот пејач се поврзани со духовитата песна „Гастарбејтерска 2“, снимена на албумот на „Рибља чорба“ – „Ноевата арка“ во 1999 година. Набројувањето на народните пејачи што оди на тезга „преку границаа“ за време на викендите во секоја строфа завршува со познатиот стих: „… и секако Џеј“. Било планирано, на крајот од песната, како гостин,Џеј да рече: „И секако јас“, но тоа не се случило, бидејќи тој не бил во Белград за време на снимањето на песната.
„Кога ја снимивме таа песна, некои од споменатите пејачи ни беа лути, некои не, а Џеки беше воодушевен“ – се сеќава Бора. Тој ми велеше: „Брат, ти благодарам. Ми ја качи цената, сите ми бараат“. Последен пат се сретнавме на бензинската пумпа, по свирките за Стара Нова 2017 година. Падна и пеење и плачење. Потоа дојде 2020 година…“ – воздивнува Бора, собирајќи сила да додаде.
„Сето ова е толку болно. Го слушам концертот на Бајага на ‘Синиот воз’ и двапати кревам телефон за да разговарам со Миша за концертот. Џеј починал, а јас го земам телефонот за да му се јавам на Миша, да го прашам дали е вистина. Сите во бендот сме скршерни…“ – со жал констатира Бора.
Фото: Инстаграм принтскрин/riblja_corba_do_groba_fan_