Радио Милева жали што нема повеќе деца

Бора – Чорба со години ги крие децата од јавноста: Каде се и што прават ќерка му Тамара и синот Борис?

Бора – Чорба со години ги крие децата од јавноста: Каде се и што прават ќерка му Тамара и синот Борис?

Легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ, кој во ноември го слави седумдесеттиот роденден, сега е во среќен брак со Дубравка Милаковиќ. Водачот на култната „Рибља чорба“ оддамна застана на првиот „луд камен“ со Драган Ѓорѓевиќ. Го добија синот Борис, а со нив живееше и ќерката на Драгана од нејзиниот прв брак, Тамара.

 

Никогаш не сме ги виделе јавно бидејќи Бора секогаш вешто го криел својот приватен живот. Сепак, знаеме дека Тамара предава на училиште и дека пред неколку години му го подари и првото внуче, а Борис, како што еднаш откри познатиот музичар , живее далеку од градот.

„Син ми одгледува жалфија и други лековити билки на падините на Сувобор. Избега од оваа џунгла и се чувствува многу добро на планина. Секогаш кога имам време одам таму, а Борис се’ уште ми се доверува и ми се обраќа со „тато“,  или „брат“. Мислам дека тоа доволно говори колку сме блиски“ – раскажал рокерот.

Во една друга прилика, кога го прашале дали има некоја желба што не му се исполнила, тој признал: „Има работи за кои жалам, пред се’ што немам повеќе деца“ – признал Бора.

Фото: Јутјуб  и Инстаграм принтскрин/riblja_corba_do_groba

Поврзани теми

To top