„Не глумете дека се сакате“! – беше една од последните испишани „картонски поенти“ на популарниот Кристијан Станковски или едноставно попознат Бомбакис, како што се потпишува, кој за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра десетивци илјади следбеници.
А љубовта се помалку ја има, ја дозираат со пипета, се дели на лажиче… барем онаа, вистинската. Затоа пак, лагата, лицемерието и лажната љубов наголемо царуваат… Во сите пори и сегменти на општеството и секојдневниот живот.
Не важи веќе онаа поучна мисла што ја знаевме од детството: „Кој лаже, тој и краде и вошки има и на таван спие…“! Сега е парафразирана во нешто друго, во една поинаква реалност:
„Кој лаже, тој и краде и е или многу богат или во власта… А, најчесто и двете“! Зашто денес на лагата можеби и се куси нозете, ама затоа полн и е џебот… И тоа со туѓи пари!
Приказни за лагата и лажната љубов можеме да раскажуваме до утре изутрина, а темата за „лажната љубов“ што ја зачна Бомбакис, ја препозна Панчо – ДНК во многу колеги од македонската естрада, па сподели свој статус на Инстаграм.
Панчо ја искористи напишаната „картонска порака“ на Бомбакис: „Не глумете дека се сакате“, ја сподели, па се надоврза со своје мислење во своите Инстаграм приказни:
„И не ги шерувајте песните на колегите ради реда, додека очите си ги вадите позади грб излага еден тон ла*на од устата за истите“ – огорчено и лутито им го „плесна в лице“ Панчо на оние колеги од македонската еестрада кои знаат кои се, па сами ќе си се препознаат.
А Вие? Вие самите просудете дали „естраден уметник“, особено кај нас е професија или „дијагноза“ и никако не правете го истото, без оглед што и каде работите, каде се движите, со кого се дружите…
Или што би рекол Бомбакис во својот статус: „Сакајте се… Ама вистински“!
Фото: Инстаграм принтскрин/bombakis/djshortypofficial