Во ноември 2017 година, познатата актерка од „Очајни домаќинки“, Марша Крос замина на годишен преглед и открија анален карцином.
Денес кога ја победи болеста, актерката проговори за тешката борба. Во едно интервју, Марша ги откри сите детали.
„Знам дека постојат луѓе кои се срамат. Но, зошто? Па, има рак. Не си направил ништо лошо само поради тоа што си добил анален карцином. Навистина има поголеми проблеми од срамот“ вели Марша, која по дијагнозата имаше тешки денови.
Денес, Марша има за цел да ги потикне луѓе да се едуцираат за својата болест.
И на нејзиниот сопруг во 2009 година исто така му беше откриено рак на грлото.
По една година од дијагнозата, Марша вели дека се чувстува добро.
„Само мораш да се навикнеш дека ракот се наоѓа на анусот“ вели Марша и вели дека и било важно да прифати дека има рак баш на тоа место.
„Никогаш повеќе нема да го сфаќам моето тело здраво за готово и многу сум му благодарна на се што е способно“.