Холивудскиот актер Алек Болдвин првпат се појави пред камери по несреќата која се случи на сет на која ја усмрти директорката на фотографија Халин Хачинс.
Актерот се обрати на новинарите кои ги следат секаде каде ќе се појави. Алек го запрел автомобилот на една раскрсница за да се обрати на новинарите.
„Што сакате да знаете?“, ги праша тој новинарите.
„Не смеам да давам изјави бидејќи истрагата е во тек. Наредбата ја добив од одделението на шерифот во Санта Фе. Не можам да одговорам на ниту едно прашање за истрагата. Не можам“, изјави актерот и додава:
„Ми беше пријателка, ми беше пријателка….Оној ден кога стигнав на сет, ме однесе на вечера со режисерот, бевме екипа која одлично функционира. И потоа се случи овој инцидент“, изјавил актерот.
Неговата сопруга ги снимила цело време новинарите, а во еден момент луто им се обратила:
„Халин, нејзино име е Халин. Ако толку време поминувате за да истражите, тогаш би требало да го знаете нејзиното име“.
„Се сретнав со нејзиното семејство, со нејзиниот сопруг. Се случуваат разни несреќи на сетови, но никогаш нема се нема случено вакво нешто…Во шок се тој и неговиот син, често сме во контакт. Чекаме шерифот да ми каже што откриле во истрагата“, вели актерот.
Тој додава дека треба да се воведат нови мерки на сетовите за да имала поголема безбедност.
Болдвин истакна дека се сомнева дека ќе продолжи со снимањето на филмот.
„Би ве замолил нешто….нашите деца плачат во автомобилот“, изјави актерот, а неговата сопруга додала: „Бидејќи не следите“.
„Од почит кон вас, застанав и одлучив да ви се обратам, не може да зборувам за деталите за истрагата, секој ден разговорам со полицијата. Разговарав со вас, ве молам да престанете да ме следите, оставете не, кажав се“, заклучи авторот.
фото: принтскрин/јутуб