Бојан Јовановски, познат како Боки 13, првоосмничениот во случајот „Рекет“, на последното рочиште во судот во Скопје даде шокантна изјава со која ја запрепасти јавноста. Имено, на крајот на сведочењето тој рече дека по завршувањето на овој судски процес, тој планира да се занимава со политика, затоа што мета дека е политички затвореник.
„Можеби ќе звучи банално за вас, некои аналитичари можеби ќе се смеат мислејќи дека сум луд, но во овој момент велам дека следниот лидер на оваа земја е пред вас и дека планирам да се занимавам со политика“ – рече Јовановски.
Ако е Боки сериозен, тогаш бившиот премиер и лидер на СДСМ – Зоран Заев, половина влада, како и еден куп други политичари и јавни личности веќе имаат фотографија за паметење со новиот „македонски цар“! А, баш ги личи – селфи со „кинг Боки Тредичи“!