Радио Милева
пропеа...

Боки 13 отворено си призна: „Бев поддржувач на СДСМ и Шарената револуција“, а за проектот имав прием и поддршка од Заев

Боки 13 отворено си призна: „Бев поддржувач на СДСМ и Шарената револуција“, а за проектот имав прием и поддршка од Заев

„Меѓународниот сојуз е невладина, а не хуманитарна организација под капата на Европската Унија. Останатите обвинети се обвинети заради мене“ – истакна во своето воведно обраќање обвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште откако судијката го опомена да не говори повеќе од 30 минути.

Боки 13, призна дека тоа време бил симпатизер на СДСМ и на Шарената револуција. Сега истакна  дека ова судење е забава за народот и праша каде е обвинителката Вилма Рускоска.

-Ќе речете таа има полномошно, но тоа е исто како јас да го пратам затворскиот цимер – и се обрати Боки со судијката Софче Ефремова Гаврилова.

Бојан Јовановски ги откри имињата од власта кои го подджувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица. Тој тврди дека тоа бил одржлив проектот кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата.

Боки вели дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа.

„Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски“, рече Јовановски.

Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти.

Извор: Курир.мк

Останати вести од Радио Милева