Рекет аферата во која се инволвирани видни личности и високи функционер и особено апсењето на Боки 13-ка предизвика вистински шок во јавноста, бројни информации во медиумите, но и вистонска бура на социјалните мрежи. Фејсбук, Твитер и Инстаграм два дена горат од сериозни мислења и коментари, но и од шеговити фотографии, видеа, монтажи, спинови…
Рекетарите, особено Боки 13-ка станаа предмет на загриженост „каде плови овој брод“, но и предмет на подсмев, шегаи и зафркавање, па дури и исмевање…
Твитерџиите, јасно беа најбрзи па нивните креативни твитови деновиве ја „забавуваат“ јавноста со довитливите коментари и монтажи од типот: Боки 13: „Момци, јас дојдов!“
Или Фејсбукџиите, кои не останаа покуси во „црниот хумор“ како коментар на она што ни се случува.
Македонецот Дарко Јефремов алиас Дарко -Влогс, или „чикашкот камионџија“ кој стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи „терајќи мајтап“ со познатите личности меѓу кои предничеше токму Боки13, како едвај да го дочека лишувањето од слобода на „газдата“ на 1ТВ!
Неговите монтажи во приказните на неговиот Инстаграм профил се навистина креативни, иако некои сметаат дека се на работ на невкусот и хуманоста… Дали е тоа така или не, ние нема да коментираме, туку ќе ве оставиме откако ќе погледнете дел од нив, самите да процените.
Едно е сигурно, секој од нас, па и Боки 13 е самиот „ковач на својата среќа“, и како што вели народот: „Ќе си го срка она што самиот си го зготвил“ ! Сеирот секако ќе го има, а е дотолку поголем или помал, во зависност од тоа колку си го заслужил!
Еве што „чикашкиот сеирџија“ му „зготви“ на Боки 13-ка по веста за неговото лишување од слобода: