Радио Милева
заради нарушено здравје

Боки 13 излегува од затвор: Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Боки 13 излегува од затвор: Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Осудениот во случајот „Рекет“,  Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува неговиот адвокат, а неофицијална потврда има и од Кривичниот суд.
Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски посочува дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако задоцнета, е праведна.

„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ.

Јовановски во 2020 година беше осуден на по девет години затвор за случајот „Рекет“ за изнуда и примање награда за незаконско влијание и перење пари, а во случајот „Меѓународen  сојуз“ за измама.  Јовановски казната ја отслужуваше во најголемиот македонски затвор „Идризово“ крај Скопје, а неговите адвокати постојано бараа да му биде укината казната, бидејќи неговото здравје е нарушено и не може соодветно да се лекува во затвор.

Извор: Danas

Фото: Инстаграм/boki13official

Останати вести од Радио Милева