Радио Милева
„соголен“...

Боки 13 го оставија „по гаќи“: Се’ што му беше запленето, ќе му биде конфискувано

Боки 13 го оставија „по гаќи“: Се’ што му беше запленето, ќе му биде конфискувано

Конфискација на предмети и на пари на осудените  Бојан Јовановски и Катица Јанева, определи денеска судијката Васка Николовска-Масевска при изрекување на пресудата во случајот „Рекет“.

Како што беше речено, на Боки 13 му се конфискува облеката и накитот од скапи брендови, што му беа одземени од страна на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, како и повеќе уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет.

На Јанева, пак, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема пари на сметките, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело.

Денеска Кривичниот суд, Скопје на Јанева и Јовановски им изрече затворски казни во траење од 7 и 9 години.

 

Извор:Курир.мк

Фото:Боки13/Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева