Задржувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 на граничниот премин Богородица, неговото приведување и притворот кој го доби, се топ тема и во највлијателните медиуми од регионот.
„Се фалеше со богатството,носеше Версаче и Гучи, драстично ослабе:Боки 13 уапсен заради рекет и организиран криминал, а еве како се прчеше со луксузот!“ – пишува српски „Курир“ кој го обзнанува апсењето на Јовановски во една од своите ударни вести.
„Боки на социјалните мрежи се фалеше со својот луксузен живот и често постираше фотографии на кои носи најскапи модни брендови и како живее на „висока нога“.
На регионалната јавност и стана познат по учеството во реалните програми како што се „Големиот брат“, „Двор“, „Фарма“…
Тој своевремено носеше само женска облека, а потоа се промени, ја скрати косата, почна да носи скапи марки, значително ослабе и лицето го коригираше со пластични операции.
Јовановски беше голем пријател со мајка и на Јелена Карлеуша – Дивна, која му беше поддршка во почетокот на кариерата, па тој беше присутен и на нејзиниот погреб во Белград.
Еве дел од неговото учество во реалното шоу „Двор“ во 2011 година, кога Боки 13 ја пееше „Робинка“ од Лепа Брена: