Македонската пејачка и ТВ водителка реши да направи промена во изгледот.
Бојана Скендеровски долго време беше во бринети, но ова лето се реши да направи драстична промена во изгледот.
Иако за повеќето припаднички на понежниот пол, особено кај познатите, актеуелна е „стаклената фризура“, Бојана сепак се одлучи за нешто поинакво.
Септември се ближи, па веројатно новата сезона на „Улица Македонија“ ќе ја почне во сосема поинакво светло кога е нејзиниот изглед во прашање.
Сега Бојана премина во русокоси и навистина изгледа одлично.
Пријателите пак и поласкаа дека каква и да биде, таа е убава во секакво издание.