Синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан редовно на социјалните мрежи споделува дека ужива на одморот со Бојана Родиќ и нивниот наследник.
Имено, Шијан не го крие воодушевувањето од локацијата и неговото семејство дефинитивно ужива во одморот и бегството од горештините во градот.
Бојана Родиќ на една од објавите е во минијатурно бикини, а многумина коментираат дека изгледа подобро од било кога.
View this post on Instagram
Инаку, парот го доби своето прво дете во август 2021 година, по име Зоран, таткото на Мирко.
Мајката на Мирко, Гоца во една прилика откри дека одлично се сложувала со снаата.
– Кај нас нема двоумење, разговараме како да сум ја родила. Никогаш не се караме, немаме несогласувања, затоа што сме на два одделни ката, секој е за себе, кога ќе ме поканат одам, кога ќе ги повикам доаѓаат. Кога ме канат на ручек, одам кај нив, кога готвам ги викам – рекла еднаш Гоца.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/bojana__rodic