Крупни зелени очи и долга руса коса, вита става на која никој не може да остане рамнодушен и долги нозе, како заштитен знак. Ако на сето ова му ги придодате убавите природни гради и извајаниот заоблен задник, добивате убавица како од насловниците на светските модни часописи!
Всушност и не сте така далеку, зашто македонската манекенка и топ модел Бојана Нушкова е новата Македонка од соништата! Оваа тинејџерка, колку до вчера средношколка, ги има сите предиспозиции и телесни адути за свeтска слава на модните писти.
Доволно е само мало катапултирање и Бојана да и го украде шоуто, да и ја засени славата на досега најпознатата македонска манекенка надвор од Македонија, Катарина Ивановска, која e веќе зрела жена и мајка.
Долгоногата Бојана е член на модната агенција „ Podium Model agency“, која ја води некогаш познатата македонска манекенка од руско потекло Ирина Доганџиска, сега Илиевска.
Кога нема настапи Бојана има проби за со другите манекенки за да го утврдат знаењето како да одат по модната писта, со која брзина, каде да се застане и слично, во зависност од подготвената кореографија.
„Кога доаѓа моментот за ревијата, се редиме сите на место, си ја вршиме својата работа и потоа сме слободни. Обично една ревија опфаќа цел ден“, опишува Бојана во едно свое интервју за порталот Кафепауза.мк.
Танцувањето и цртањето портрети со молив се нејзините омилени хобија, од кои можеби некое и ќе го претвори во своја професија. Во меѓувреме не е лошо да се спои убавото со корисното. Малку третман со антицелулитна крема за масажа, за мазна кожа и релаксација за подобра циркулација…
…А потоа и малку опуштање со водена масажа и уживање во џакузи. А, кога си веќе во џакузи, зошто да не се направат и една-две пози или симпатично рекламно мини клипче?!
View this post on Instagram
Иако од скоро понолетна, разголувањето и еротските фотосесии не и се непознати на атрактивната убавица. Впрочем, таква е професијата, па позирањето бара на моменти и да се покаже сиот телесен раскош на извајаната фигура, како и останатите атрибути кои ја дополнуваат еротската компонента во уметничката визија на фотографијата и нејзиниот автор.
А, Бојана знае и како да се намести и која поза да ја заземе…
…Каде да погледне, кога да се насмее, а кога да биде сериозна…
…Колку треба да покаже, а колку да остави на бујните мечти, кои гледајќи го нејзиниот телесен раскош среде природната идила, ја будат волшебната игра на сите сетила.
Но, за тоа треба постојано да бидеш во топ форма, а телесната убавина ниту лесно се стекнува, а уште потешко се одржува.
„Премногу јадам, но внимавам да внесувам само здрава храна. Поради ова вежбам често и најчесто правам вежби за затегнување на телото, а не кардио. Внимавам многу на лицето, бидејќи мора да биде чисто за да изгледа убаво на фотографии. Токму затоа, не јадам многу благи работи.
Освен тоа, си легнувам прилично рано, најдоцна до 22.00 часот, освен за викенди кога можам да забушавам со спиењето“ – открива Бојана, демонстрирајќи во клипчето подолу, како изгледа нејзиното тело-вретено на плажа.
View this post on Instagram
Можеби квалитетниот сон е главниот „виновник“ за прекрасниот изглед на манекенката, но, они што сонуваат по неа, се прашуваат нешто друго: „Што и кого сонува Бојана откако ќе заспие?“
И што ли прави доклку се случи таа вечер да не ја фаќа сон?
Оваа фотографија можеби ќе ви го даде одговорот: Уште една тура вежби за затегнување на телото пред спиење, за пријатен сон и мирно кардио! И преку ноќ и преку ден.
Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova