Момчето на Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ наводно се заразил со коронавирус, а наводно пејачката го лекувала две недели во нејзиниот дом на Дедиње.
Кога Богдан и кажал на Цеца дека е заразен со корона, таа инсистирала привремено да се пресели во нејзиниот дом.
„На средината на март, Богдан и се пожали на Цеца дека не се чувствува добро. Се жалеше на малаксаност и температура, па веднаш се јави кај докторот. Се тестираше на коронавирус и дозна дека е заразен“, вели извор близок на парот и додава дека Срејовиќ веднаш ги спакувал куферите и се преселил кај Ражнатовиќ.
„Цеца му предложи на Богдан од станот да се пресели на нејзината вила на Дедиње. Му кажа да не се грижи за неа бидејќи има антитела, па така нема да му биде досадно и таа ќе се грижи за него. Тој прифати со задоволство и две недели беше во изолација кај Цеца. Таа прекрасно се однесуваше кон него, му мереше температура, му купуваше витамини, чаеви…“вели изворот.
Според зборовите на нивниот заеднички пријател, на парот не им било лошо во карантин.
„По цел ден гледаа филмови и серии. Коронавирусот уште повеќе ги зближи и првпат откако се во врска поминаа толку време заедно под ист покрив. Богдан од вилата на Цеца излегуваше само кога одеше на лекар“, вели изворот.
Како што пренесуваат српските медиуми, двојаката биле сами дома.
„Никој од домашните на Цеца не се лутеше што дојде Богдан. Тие две недели Анастасија беше во домот на нејзиното момче во Нови Сад, а внукот Жељко со родителите во Тител“, вели изворот.
Тој додава дека момчето на пејачката се тестирал пред некој ден и тестот покажал дека е негативен.