Богдан се иселил од вилата на Цеца: По раскинувањето со пејачката, бизнисменот живее во изнајмен стан.
Менаџерот Богдан Срејовиќ и Цеца Ражнатовиќ раскинаа по еднагодишна врска.
По раскинувањето, Богдан се иселил од вилата на Дедиње каде што живееле со Цеца во последните неколку месеци.
Како што пишува Информер.рс, Боган сега живее под кирија во изнајмен стан во Нов Белград.
-Кога раскинаа, Богдан си ги собра работите и се исели од вилата. Изнајми стан кај Арена, во близина на ресторанот во кој работи, вели добро известен извор.
Тој додава дека пејачката криела дека започнала заеднички живот со својот партнер.
-Цеца и Богдан со месеци живееа во нејзината вила. Се договорија за тоа да не зборуваат јавно, па така само нивните блиски пријатели знаеја дека живеат под ист покрив.
Срејовиќ и Ражнатовиќ се разделиле како добри пријатели и останале во добри односи.
-Се слушаат и се гледаат речиси секој ден бидејќи таа често доаѓа во ресторанот во кој Богдан е менаџер. Од друга страна, Богдан и Вељко не останаа во контакт, бидејќи не се зближијаа премногу. Се гледаа само на семејните прослави, но беа во коректни односи.
За потсетување, парот потврди дека раскинале, но дека засекогаш ќе останат пријатели.
Фото: Инсајдер/Принтскрин/Јутјуб – Папарацо лов/приватна архива