Радио Милева опседнат со пејачката

Богат бизнисмен и нуди на Вики Миљковиќ 30.000 евра за 3 часа: „Само да биде близу до мене, па потоа можам и да умрам“!

Богат бизнисмен и нуди на Вики Миљковиќ 30.000 евра за 3 часа: „Само да биде близу до мене, па потоа можам и да умрам“!

Вики Миљковиќ со години е во среќен брак со сопругот Драган Ташковиќ Ташке, но сепак има мажи кои би сториле се за да ја освојат.

Едно од нив е М.Р. (име кое е познато на  редакцијаta на Курир.рс), кој живее во Нови Пазар и би го дал целото богатство само пејачката да пее за него на прославата на раѓањето на неговиот син. Постои и  посебна причина за ова. Имено, Вики е негова нереализирана љубов од младоста, а бидејќи во тоа време му била недостапна, сега кога станал успешен бизнисмен, тој сака да го одврзе кесето и да и плати дури 30 000 евра за настап.

„Вики е најдобриот пејач на сите времиња. Не кријам дека сум бил лудо заљубен во неа. Сите мои жени го знаат тоа. Кога бев младо момче, сакав да ја слушам и гледам. Секогаш кога ја гледав на некој настап, се плашев да и пристапам бидејќи секогаш до неа беше нејзинот сегашен сопруг. Не сакам да ја расипам нејзината среќа, иако ја почитувам пред сè, но таа засекогаш ќе биде во моето срце. Колку е постара, толку е подобра, по женствена и поубава жена. Ма, таа е вистинската дива… Каква Цеца, Јеца, оваа или онаа. Вики е закон за сите нив на естрадата“ – вели овој бизнисмен, кој има план како да ја донесе Вики.

„Таа пееше на свадбите на мојот пријател, неколку пати. Во Србија и Швајцарија. Ќе земам број од него и ќе ја ангажирам за мојата радост, што ја планирам напролет, кога ќе се роди син ми. Верувајте ми, јас со нетрпение очекувам да ја видам на мојата прослава и повеќе се радувам на тоа, отколку на раѓањето на детето. Таков сум, што  да правам. Фала му на Бога, имам деца, тие се живи и здрави, на мојот наследник нема ништо да му недостасува, но ако таа се согласи да дојде и да пее за моја душа, тогаш можам и да умрам“ – завршува соговорникот.

To top