Во семејството на поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ(55) повод за славење не недостига. Додека минатите години славеа родендени, дипломи, годишници… 2018 година ја обележа и свршувачката и свадбата на неговиот наследник Филип со пејачката Александра Пријовиќ со која сега чека бебе.
Боба за Story.rs се присети на турнирите и првите љубовни состаноци со сопругата Брена.
-Многу ми е тешко да издвојам една случка како најдрага, но можам да речам што ни беше најтешко. Нашата врска во почетокот беше на голем испит бидејќи јас постојано патував на турнири, а таа на концерти. Тоа беше време кога бевме во голема љубов и страст и постојано сакавме да бидеме заедно, а мораше да ги усогласиме нејзините концерти со моите турнири, што не беше лесно. Врската ја одржувавме со голем компромис, бидејќи кога сте заљубени, а саканата личност не ја гледате по месец или два, тогаш тоа ве боли. Но вистинската љубов секогаш боли. На среќа или несреќа, на почетокот од 1992 година ја повредив половината кога играв Дејвис куп. Се обидував да ја санирам повредата, но не одеше, па одлучив да не се занимавам со спорт и да и се посветам на Брена и да ја следам на концертите, искрено вели Боба и додава:
-Bрена и јас се запознавме во октомври 1987 година и заедно сме веќе 31 година. Малку луѓе од јавната сфера опстануваат толку долго, но ние создадовме складно смејство, се сакаме и почитуваме и тоа е најубавото и најважното, завршува Боба во интервјуто за Story.rs
фото:ATA Images/Andreja Damnjanović/privatna arhiva