Здравствената состојба на Лепа Брена го загрижи Боба.
За време на крстарење по хрватското приморје, на Брена и се слошило на јахтата, што многу го загрижило нејзиниот сопруг.
Имено, како што пишува „Стар“, во тој момент на јахтата биле далеку од брегот и Боба сфатил дека не може да добие лекар, и дека нема како да и помогне на сопругата. Здравствената состојба на Лепа Брена толку многу го загрижи што веднаш се упатија кон брегот, за Брена да ги направи сите потребни тестови.
View this post on Instagram
– И Боба работи многу, го промовира своето вино со Филип, но сега кога е лето сака да се одмори со Брена и да помине два месеци заедно на море. Сепак, иако му рекла дека нема да закажува настапи, Брена има концерти до крајот на годината.Не ја спречува да пее, но не сега на оваа жештина, која воопшто не ја радува. Тој се грижи за нејзиното здравје, бидејќи и самиот знае низ што поминале пред неколку години, кога и порснал тромб во десната рака. Оттогаш особено се грижи за неа.Затоа и рекол да забави малку со работата, бидејќи нема потреба толку многу да патува и да се уморува, особено не сега кога повторно се разгори короната. Тој буквално се обидел да и објасни дека им е потребна жива, на него и неговите синови. Брена само молчеше, па му вети дека ќе успори – вели изворот и додава:
– Среќа, докторот во болницата изјавил дека е само исцрпена, па примила инфузија во болница, но тој ја советувал да мирува неколку недели и да не прави ништо.
фото:Инстаграм