Слободан Боба Живојиновиќ некогаш беше многу успешен тенисер, а имаше можност да игра на бројни важни турнири и да патува низ светот.
Во една прилика, кога учествуваше на Вимблдон, се сретна и со принцезата Дијана. „Една недела пред „Вимблдон“ во 1987 година, под нејзино покровителство се одржа хуманитарен натпревар. Јас бев еден од учесниците, заедно со уште неколку познати тенисери. Тогаш ја запознав Лејди Ди. Во првиот разговор таа ме праша дали сум тенисер со најсилен сервис“, вели тој, пренесува „Глоси“.
„Таа навиваше за мене од трибините, иако кралското семејство имаше ВИП ложа. Голема работа е кога личност како неа ќе ве бодри на натпревар“, се сеќава Боба, кој не крие дека принцезата му оставила силен впечаток.
„Таа беше прекрасна жена, нејзината големина беше што нормално комуницираше со сите. „Нашите долги разговори беа сведени на приказни за секојдневни работи и за нашите деца“, истакна тој. Најстариот син на Боба, Филип Живојиновиќ, имал можност да ја запознае принцезата Дијана.
„Филип е роден во иста година со нејзиниот помлад син Хари, па тоа беа главно наши теми. Филип ја запозна. Кога му кажав дека е принцеза, ништо не му беше јасно. Тој, како и секое дете, ги замислуваше принцезите како ликови од бајките, во долги раскошни фустани“, откри тогаш Боба.
Да потсетиме, Боба го доби Филип во врска со Зорица Накиќ, пред да се ожени со убавата пејачка Брена и со неа да добие уште два сина – Виктор и Стефан.
Фото: Принтскрин/Драган Мујан/Ата Имаџес