Социјалните мрежи дефинитивно станаа „поле за натпревар на објава на глупости“. Врие од она што се нарекува: „Она од што паметниот се срами – будалата се гордее“, вели една стара поговорка, а по принциот на истата Фејсбук, Инстаграм ТикТок, па и Х станаа преплавени со самобендисани нарциси и нивните анимални потреби.
Од тоа кој кај бил, што правел, што купил, што јадел, што пиел, каде спиел… Полнењето и прекривањето на телото – пуштени на најјако, остана само да почнат да го сликаат и споделуваат „празнењето“! Златна тоалетна школка, на неа даска од махагониј и кристално казанче, се веројатно следните инфлуенсерски достигнувања… Ах, да и… тоалетна хартија од кадифе и свила, да не заборавиме да ставиме!
Каолку сето ова да звучи парадоксално и смешно, бидете убедени дека еден ден ќе се разбудите затечени и со ваква врвна егзотика на социјалните мрежи штом го вклучите мобилниот или компјутерот.
Во меѓувреме додека некој „се*ко“ не се охрабри и ова да го направи, најчесто се фалиме каде и што сме јаделе. Суши, риба, морски плодови, лигњи , октоподи, ракови, шкампи и школки, па се до јастози и кавијар… За специјалитети од свинско-говедска па и јагнешка провиненција и да не говориме… Таму има жестока конкуренција!
Од најлуксузни ресторани, локали и кафеани, до нај биртии и селски меани. Во целата таа гастрономскао – хедонистичко-нарцисоидна трка, битно е да се покаже каде и што се крка!
Токму затоа одговор на сите овие самобендисани фотомајстори по социјалните мрежи, им даде со свој пример познатиот „картон креатор“ Бомбакис, познат по своите поенти и пораки испишани токму на парче картон! Само што овој пат картонот го оставил зад врата, па решил со вирално видео „да им го плесне“ в лице и да ги соочи со суровата вистина, дека не е исто она што го јадат дома и она што го вадат на виделина!
Па затоа, кога веќе споделуваат, барем еднаш можат да го сликнат и она што го јадат дома, колку за промена! Или стравот од гравот е толку голем, што подобро да се скриеш кога го јадеш гравот, за да не те изеде срамот? Од „ку*чот“ и лажната слика за себе самиот што ги постираш, кога глумиш и се фолираш како се луксузираш?!
А Бомбакис вика дека и… гравот се срка со слика!
View this post on Instagram
Фотои видео: Инстаграм/bombakis