Пријател од естрадата најверојатно го ограбил Саша Поповиќ и неговата вила, бидејќи точно знаел до најситен детаљ до кога тој и неговото семејство нема да бидат дома и каде точно се наоѓаат сите вредни работи во куќата, пишуваат српските медиуми.
Според порталот, непознати лица завчера упаднале во куќата на Поповиќ кога ќерка му славела 19. роденден. Знаеле каде е сефот, каде се накитот и парите, а пленот што го однеле е вреден над 100.000 евра. Покрај парите и накитот, била однесена и важна документација од Гранд.
Ограбувачите знаеле дека не можат да влезат низ главниот влез затоа што таму има портир и тој дел од дворот е обезбеден и покриен со камери. Сепак, се верува дека влегле во куќата од другата страна, каде што се наоѓа спортското игралиште и полигонот за вежбање.