На крајот од месец јануари од претстојната 2019 година, нашата популарна пејачка Каролина Гочева ќе настапи на првите „Music awards ceremony“ каде ќе се слушне најдобрата музика од регионот, а ќе се одржи во Штарк Арена во Белград.
Оваа информација Каролина ја сподели со своите фанови на социјалните мрежи на кои им соопшти дека и е чест и задоволство што ќе биде дел од овој настан.
Во меѓувреме, македонското девојче е доста активно со изработка на нови фотосесии за брендовите чие заштитно лице е.
Многупати сме пишувале дека ако не беше пејачка, Каролина сигурно ќе беше меѓу најуспешните модели, а тоа постојано го потврдува со перфектните модни фотографии кои ги објавува на своите профили на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, па дури и кога треба да открие повеќе гола кожа на себе.
View this post on Instagram
Во една од поновите фотографии таа рекламира накит, а под црвеното сако не носи градик и ја нагласува женственоста и сензуалноста.
View this post on Instagram
Ова не е првпат да ја видиме во вакво издание, па може да се заклучи дека на Керол и стана комотно и кога сексапилот е нагласен, но сепак во граници на вкус и префинетост.
foto:instagram/karolinagoceva