Радио Милева се релаксира на море

Блеска од задоволство и среќа: Бремената Јелена Костов се соблече и гордо го покажа стомачето (fото)

Блеска од задоволство и среќа: Бремената Јелена Костов се соблече и гордо го покажа стомачето (fото)

Јелена Костов гордо позираше во бикини. Популарната пејачка Јелена и нејзиниот сопруг Миљан Вуковиќ пред пет години добија син, а пејачката сега е повторно бремена и носи девојче.

Пејачката не крие колку е возбудена поради своето второ дете, а бидејќи по препорака на лекарот ги откажа сите настапи и реши да се одмори на крајот од бременоста, времето го искористи за патување и релаксација покрај морето.

Несомнено е дека Јелена, која моментално е во седмиот месец од бременоста, ужива на одморот, а на социјалните мрежи е поактивна од било кога.

Покрај фотографиите кои досега ги споделила од различни локации кои ги посетила, пејачката особено ги воодушевила сите со онаа на која позирала во бикини на зајдисонце.

„Животот ќе го разбирате само кога ќе почувствувате дека расте во вас“, напиша таа.

Сите забележаа дека, освен стомакот, никаде на друго место не се здебелила, дека всушност е поубава од било кога. Пејачката носи прекрасна бременост, иако призна дека се разликува од претходната по многу нешта, вклучувајќи го и фактот дека носи ќерка.

 

Фото:Принтскирн/Инстагарм/kostovjelena

To top