Радио Милева

Бламажа на „Еми“ наградите: Сестрите Кардашијан одржаа говор, а од нивните зборови цела сала плачеше од смеење!

Бламажа на „Еми“ наградите: Сестрите Кардашијан одржаа говор, а од нивните зборови цела сала плачеше од смеење!

Ким Кардашијан и Кендал Џенер се појавија на наградите „Еми“ за да ја примат наградата во категоријата „Најдобро реално шоу“, која практично не ни постоеше сè додека не се емитуваше првата епизода од нивната емисија „Во чекор со Кардашијанс“.

Пред да им ја дадат наградата на победникот во категоријата, сестрите одржаа говор кој не им требаше.

„Нашето семејство од прва рака најдобро знае како привлечните телевизиски содржини доаѓаат од вистински луѓе кои пред камерите се однесуваат како во реалноста“, рече Ким.

Кендал се надоврза: „Тие ги раскажуваат своите приказни без никакви филтри и сценарија“.

Публиката започна да се смее на овие зборови, а тоа ги налути сестрите Кардашијан-Џенер затоа што за време на говорот се чинеше дека не се шегуваат.

Јавноста на социјалните мрежи брзо се огласи, а сестрите беа исмејувани за тврдењето дека нивнато реално шоу се снима без сценарио и однапред договорени ситуации.

To top