Мегафон

Благоја Чоревски добитник на наградата „Васил Иљоски“ на театарскиот фестивал „Денови на комедија“

Благоја Чоревски добитник на наградата „Васил Иљоски“ на театарскиот фестивал „Денови на комедија“

Познатиот македонски актер Благоја Чоревски е лауреат на годинешниот 25. по ред меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“. Тој е добитник на наградата Васил Иљоски.

Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, каде што “Денови на комедија“ традиционално се одржуваат секоја година, велат дека ова признание ќе му биде врачено на Чоревски на самото отворање на фестивалот, кое ќе се одржи на 28 септември.

Благоја Чоревски е роден во Велес, на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година.

Покрај ангажманот во могубројните театарски претстави, познат е и по улогите во филмовите “Викенд на мртовци“, “Исправи се, Делфина“, “Тетовирање…“, а глумел и во бројни ТВ серии.

To top