Радио Милева

Благица Павловска неутешна поради загубата на Белисима: „Патувај во царството небесно“

Благица Павловска неутешна поради загубата на Белисима: „Патувај во царството небесно“

Велат дека животните се едни од најдобрите пријатели на човекот, а оној кој има дома милениче знае дека тоа е така.

Македонската пејачка Благица Павловска е љубител на домашни миленичиња, па често на социјалните мрежи споделува фотографии од нив.

Меѓутоа, деновиве фолкерката имаше загуба во нејзиниот дом која многу ја растажи. Имено, како што објави таа на својот „Фејсбук“ починало нејзиното куче Белисима.

фото: фејсбук

„За жал, на денешниот ден Петковден си замина душата на мојата миленичка Белисима. Белисима ја најдов во црква оставена од сопственици и ја чував од срце во својот дом. Патувај во царството небесно. Ангелу мој…И раката и душата на серискиот мој убиец на сите мои миленици…Нека Бог ја осуди“, напиша Павловска во описот на објавата на која се наоѓа нејзиното куче.

фото: фејсбук

Според Благица, многу е важно како човекот созреал, а како што вели таа себеси се смета за силна личност. Оваа загуба сигурно тешко и падна, но веруваме дека ќе ја надмине, а можеби и наскоро во нејзиниот дом ќе вдоми ново милениче.

To top