Радио Милева маана

Бизарни барања на холивудската ѕвезда: Бред Пит не го шминка само лицето туку и задникот (фото)

Бизарни барања на холивудската ѕвезда: Бред Пит не го шминка само лицето туку и задникот (фото)

Бред Пит го зазеде 4-тото место на листата на најубави луѓе во светот, според математичката формула заснована на познатиот златен пресек. Сепак, многумина не би се согласиле со тоа.

Пошироката јавност дефинитивно го доживува Бред како најубавиот човек на светот, како човек без мана, но актерот имаше една мана која не можеше да ја поднесе.

Актерката Гина Дејвис во својата нова автобиографија “Dying of Politeness” ги раскажа деталите од снимањето на филмот со Бред Пит. Таа откри дека познатиот актер толку се срамел од еден дел од своето тело што побарал од шминкерите да го покријат со шминка. Станува збор за едно мозолче на задникот, кое го имал долго време и поради кое се чувствувал многу непријатно.

– На Бред не му беше грижа за возбудата која секогаш владееше околу неговиот добар изглед. Едноставно му беше непријатно поради упорното мозолче на задникот кое шминкерите го покриваа по секоја сцена – откри актерката, а Бред Пит еднаш истакна дека е исклучително благодарен за улогата што ја доби во филмот “Thlema and Louis”.

Фото:Принтскрин/Профиедиа

 

To top