Радио Милева гнасно и одвратно

Бизарен фекален скандал: Познат српски моден дизајнер извршил голема нужда среде ходникот во зградата на хрватската општина Илок!

Бизарен фекален скандал: Познат српски моден дизајнер извршил голема нужда среде ходникот во зградата на хрватската општина Илок!

Познат моден креатор од Србија, вчера, четврток 17.09.2020 год. извршил голема нужда и предизвика скандал во општина Илок, пренесуваат хрватските медиуми.

Веднаш потоа биле ангажирани работниците за јавни работи, кои со помош на разни хемикалии и средства за дезинфекција успеале  да го чистат „фекалниот неред“ што дизајнерот го оставил зад себе.

Бил многу обичен работен ден до 11.30 часот. Некаде околу тоа време, познатиот дизајнер и неговата сопруга влегле во зградата. Како што изјавија вработените за медиумите, станува збор за добро познат моден дизајнер од Србија, С.В., кој е по потекло од Хрватска, и кој дошол во Илок со скап автомобил за да заврши некоја работа. И додека неговата сопруга влегла во една од во канцелариите, овој познат дизајнер наводно клекнал и извршил голема нужда во ходникот, непосредно пред вратата на секретаријатот.

„Тоа беше одвратно. Потоа отиде во тоалетот, кој исто така го унередил, каде што се пресоблече и се упати кон поштата по своја работа. Колку што знам, никој не го пријави, иако некои од вработените жени  го виделе. Има и видео снимено од надзорните камери“  – изјавил еден од вработените.

Извор: Курир.рс/Вечерњи.хр

Фото: Профимедиа

To top