Дарко Лазиќ откако раскина со Марина Гагиќ, започна нова емотивна врска со Барбара Бобак.
Меѓутоа, новата девојка на Дарко наводно користи секоја прилика да ја придобое Марина, како и нејзиниот син кој го доби со Дарко, Алексиј.
Имено, Барбара во една прилика истакна додека зборувала со Лазиќ на видео камера, се јавил неговиот син и ја нарекол „мамо“. Наводно, поради поранешната свршеница на Дарко, Марина збеснала.
„Марина полуде кога видела што Барбара изјавила за неа. Не можеше да издржи, па веднаш се јави на Дарко и му кажа дека очекува да ја заштити како мајка на нејзиниот син и дека не смее да дозволи да ја прозива. Дарко изјавил дека не е известен за тоа и дека ќе провери што се случува. Меѓутоа, Барбара продолжи по старо, а тој не реагираше. Марина затоа му испрати порака и му кажа дека ќе го тужи и таму ќе решат за алиментацијата и старателството. Марина доживеа нервен слом кога Барбара за медиумите изјави дека нејзинот син ја вика мамо“, вели извор за „Стар“.
Како што пишуваат српските медиуми, Марина наводно се здружила со Ана Севиќ, па побарала помош бидејќи наводно Дарко не го гледа нивниот син, ниту пак дава пари за негово издржување.
„Марина се расплака додека разговараше со Ана. Пејачката и кажа да не се грижи бидејќи ќе и даде совети. И објасни дека мора да се јави на адвокат и да започне процес против Дарко. Марина и побара број од адвокат кој неа ја застапуваше бидејќи знае дека таа го доби на суд. Ана веднаш и испрати број“, вели добро известениот извор.
„Гагиќ не знаеше на кого да се обрати, па и падна Ана на памет. Се пожали дека Дарко со месеци не го гледа синот, не се јавува и не праќа пари за издржување“, тврди соговорникот за медиумите.
Ниту Марина, ниту Дарко не се огласија по повод овие пишувања.
фото: принтскрин/дамир дервишагиќ/инстаграм/марина гагиќ