Радио Милева

Бившиот сопруг на Моника Белучи се ожени со 31 година помлада манекенка!

Бившиот сопруг на Моника Белучи се ожени со 31 година помлада манекенка!

Пораншениот сопруг на Моника Белучи, францускиот актер Винсент Касел се ожени со 31 години помладата манекенка Тина Кунакеј.

– Имам 52 години и ќе се оженам за 21-годишна девојка. Многу сум заљубен и сигурен сум дека ќе имаме деца, наведе Касел во интервју непосредно пред венчавката.

Врската со атрактивната италијанска манекенка Винсент ја започна пред две години кога таа беше полнолетна.

Венчавката на парот беше во Франиција, а на церемонијата присуствуваа стотина гости.

Винсент и Моника Белучи се разведоа по 14 години складан брак, а заедно имаат две ќерки.

To top