Познатата српска актерка Анѓелка Прпиќ се разведе од сопругот Дарио Прпиќ затоа што повеќе не можела да ја толерира неговата љубомора, која ја трпела со години. Дарио бил љубоморен на колегите на Анѓелка, пред се поради секс сцените во филмовите и ТВ сериите, како на пример нејзината секс сцена на машината за перење со Драган Мижановиќ, но и со Андрија Милошевиќ, секогаш кога имале поблиски сцени.
Анѓелка преминала преку тоа и се обидела да го спаси нивниот брак, сè до моментот кога дознал дека всушност Прпиќ имал афера со старлетата Ава Карабатиќ. Медиумите тогаш наведоа дека старлетата претходните години била чест гостин во рестораните во Белград, чиј косопственик бил Дарио. Анѓелка тогаш одлучила да се разведе затоа што повеќе не сакала да страда од љубоморни сцени од човекот за кој дозна дека ја изневерувал.
„Да, тоа е вистина. Тоа беше додека бев и јас во врска, поточно во 2017 година“ – ја признала Ава на аферата. Откако медиумите дознаа дека и завршил деветгодишниот брак, Анѓелка некое време не зборуваше за разводот, а по неколку месеци изјави дека е во коректни односи со поранешниот сопруг.
„Разводот не значи војна. Ние сè уште сме семејство. Најблиску сме едни до други, без оглед на кои адреси живееме“ – изјави Анѓелка минатата година.
Да потсетиме, по разводот се шпекулираше дека Анѓелка Прпиќ е повторно среќна и заљубена жена. Неофицијално, актерката влегла во врска со поранешното момче на поп-пејачката Александра Радовиќ, бизнисменот Срѓан Стојановиќ, пишува српски Курир.
Фото: Драган Кадиќ/Дамир Дервишагиќ/ Инстаграм принтскрин/andjelkap/ava_karabatic_official_novi