Поранешниот сопруг на Ана Кокиќ, Никола Раѓан е во врска со пејачката Милица Ристиќ.
Милица ги потврди овие пишувања која вели дека со играчот на „Црвена ѕвезда“ се заедно неколку месеци, но нивната врска сега станува сериозна.
„Важно е луѓето да знаат дека Никола и јас не бевме во врска додека тој беше во брак, ни во текот на неговиот развод. Во сериозна врска сме последните три месеци. Се сакаме и убаво ни е“, изјави Милица и откри дека нејзиното семејство се запознало со Раѓан.

„Убаво го прифатија“, изјави таа.
Милица истакна дека се уште не запознала со поранешната сопруга на момчето, пејачката Ана Кокиќ.
„Се уште не ме запозна со Ана Кокиќ. Ана ја сретнував на настапи, но ние не се познаваме“, заклучи пејачката.