Раскинувањето на врската помеѓу Емина Јаховиќ и Садетин Саран ги наполни насловните страници на турските таблоиди, особено откако се појави изјавата на самата пејачка, која истакнала дека: „точно е дека сè е веќе готово“! Во продолжение се вели дека на милионерот му било многу тешко да се справи со новата ситуација и затоа отишол во Австрија.
Според локалните медиуми, тој таму се лекува од депресија, а на својот Инстаграм, покрај една од најновите фотографии, тој напишал: „Нашите животи се исти како и околината во која се наоѓаме“.
„Садетин поголемиот дел од времето го поминува покрај езерото и покрај базенот. Тој ја посети истата клиника како кога се разведе од сопругата“ – изјавил добро информиран извор за турските медиуми.
Фото: А.Ј. – Циле/приватна архива