Радио Милева
магнет за погледи

Бившата жена на Жељко Јоксимовиќ кога ќе отиде во кафеана, сите гледаат во неа: Весна е „атомска бомба“ (ФОТО)

Бившата жена на Жељко Јоксимовиќ кога ќе отиде во кафеана, сите гледаат во неа: Весна е „атомска бомба“ (ФОТО)

За Весна Јоксимовиќ, поранешната сопруга на поп пејачот Жељко Јоксимовиќ, се почесто се зборува и пишува поради нејзините „слободни објави“ на Фејсбук и Инстаграм кои  значително го привлекуваат вниманието на јавноста.

Сега раскошната госпоѓа повторно го привлече вниманието кон себе со нова фотографија, која ја објави на социјалните мрежи.

„Да имам 20 години, уште подобро би си го упропастила животот, имам идеи и како“ – напишала Весна Јоксимовиќ во описот на фотографијата со емотикон кој плаче од смеа. На сликата ја гледаме во еден белградски локал дотерана од глава до петици, каде позира додека со рака го поткрева фустанот.


На втората фотографија во преден план е  длабокото деколте на бујната госпоѓа, како и нејзината широка насмевка.

Впрочем, на сите фотографии Весна изгладе фатално неодоливо, па кога ќе влезе во кафеана, сите гледаат во неа. Затоа  не случајно некој од нејзните следбеници вака сексапилна, привлечна и згодна,  Весна ја нарекол „атомска бомба“!

Да ве потсетиме, по бракот со Жељко, Весна одлучи дека никогаш повеќе нема да застане на „лудиот камен“.

„Не ме интересира бракот, тоа е застарена институција“ – пишуваше во една нејзина објава на социјалните мрежи. Таа одговори на прашањето на еден нејзин следбеник за иднината на нејзината љубовна врска, дали се е како што треба, а нејзиниот став на оваа тема е исто така јасен.

„Се додека е убаво нека трае, а потоа – збогум! Еве ти одговор“ – му рече Весна, која од бракот со Жељко ја има наследничката Мина.

Моминското презиме на Весна е Аврамовиќ и потекнува од истиот град со пејачот – Ваљево. Таа беше неговата љубов од средношколските денови, љубов која беше крунисана со брак кога тогаша анонимниот провинциски  пејач имаше 23 години.

Жељко, инаку, долги години е во брак со водителката Јована Јоксимовиќ, со која има три деца: синот Коста и ќерките Ана и Срна.

kurir.rs/blic/facebook/ vesna.joksimovic.1

Останати вести од Радио Милева