Радио Милева убавицата „се буди“?

Бившата водителка на „Бекстејџ“ одново ја има: Мартина Михајловска се враќа во јавноста? (ФОТО)

Бившата водителка на „Бекстејџ“ одново ја има: Мартина Михајловска се враќа во јавноста? (ФОТО)

Додека не беше мажена, македонската манекенка, модел и ТВ водителка Мартина Михајловска важеше за една од најубавите, најзгодните и најпосакуваните девојки во Македонија.

Откако претходно ја обелодени врската, во октомври 2017 нејзиниот партнер ја побара за жена, а во август 2018-та, иако мошне млада, стапи во брак со охридскиот бизнисмен Виктор Илоски. Подоцна ги објави првите фотографии од свадбата и македонската Ева Мендез, како што ја нарекуваа медиумите додека беше една од последните водителки на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстрејџ“, преку ноќ исчезна од јавноста.

Покрај „Бекстејџ“,  последното нешто во кое се појави како модел беше учеството во видеото на Александар Тарабунов Тара снимено токму во Охрид за песната „Сакам, не сакам“.

Бракот и брачниот живот во двојка си го прават своето и подразбираат дека голем дел од времето морате да го посветите и на домот, сопругот и брачните обврски, но сепак, убавата Мартина едноставно ја снема. И од медиумите, и од социјалните мрежи, а со тоа и од очите на јавноста.

Последните фотографии на атрактивната охридска снаа беа направени кон крајот на минатата 2018 година во рамките за рекламната фотосесија за еден познат регионален бренд за долна облека.

На нив Мартина одново изгледа убаво, пожелно, секси… речиси непроменето. Манекенската става се уште ја задржала, изгледот ионака не можел драстично да се промени за кус период…

Она што е сменето е веројатно желбата одново да се биде активен, да се работи на полето кое ја направи позната, да се активира…!?

Дали можеби токму затоа и последната фотосесија објавена деновиве на кои увбавата Мартина застанала пред објективот на уметничкиот фотограф Стефан Соколвски, кој во почетокот на 2019-та ја имаше во скопска „Мала Станица“ својата самостојна фото изложба „Како нашите јавни личности изгледаат јавно и приватно?“, како негов дипломски труд при завршување на моите студии на Филмската Акедемија ЕФТА.

Мартина и пред неговиот фотообјектив изгледа божествено во сесијата направена во ексклузивниот охридски лоунџ бар и бутик хотел „Mr. I“, деновиве.

На крстопат помеѓу мајчинството и продолжување на кариерата или само новонадојден порив и обична желба да се потсети на славните денови?

Што и да одбере, убавицата нема да згреши. Конечно, и за она другото, отсекогаш има време…

Зошто, како што велат, никогаш не е доцна за убави нешта! Особено ако е некој млад, убав, згоден и секси како неа.

 

To top