Откако се омажи, некогашната македонска ријалити убавица Елеонора Миљковиќ, не само што го смени презимето во Кочовска, туку го смени и начинот на живот. Овој брачниот очигледно и прија, па затоа се’ почесто и јавно го споделува на својот Инстаграм.
Но, она што освен сопругот Чедо и домашните миленичиња можете да го видите на фотографиите и клипчињата кај Нора се рекламите на различни производи и услуги, што расната скопјанка во улога на инфлуенсерка ги споделува. Од секси долна облека и исто такви костими за капење, до облека, електронски цигари или различна козметика…
View this post on Instagram
Токму на едно од последните вакви клипчиња кои сексапилната инфлуенсерка ги објавила, Елеонора рекламира течен кармин. Црвило за усни во течна форма, кое неретко дамите го употребуваат за да го нагласат волуменот на својата уста и истакнат бојата на усните.
А кај расната инфлуенсерка усните ионака од секси посекси, па уште и надополнети со неколку кубици хијаурон или филери, така што и без кармин не можеш да ги промашиш…
Уште кога Нора ќе ги намачка со течно црвило, изгледаат толку сензуално и заводливо, просто неодоливо, по што веднаш ти доаѓа да кажеш: „Блазе си му на оној, со кој споделува бакнеж!“
Усни на усни или каде веќе, сеедно… Најважно е усните да изгледаат сочно… Како што изгледаат кај Нора, откако „ќе бакне кита“… Или „Kiss me – Kita“, како што гласи името на брендот кој го користи и препорачува атрактивната инфлуенсерка, која патем беше и ТВ водителка или поточно ТВ презентерка на временската прогноза на познатата српска телевизија – „ТВ Ред“.
И се било в ред, освен името на брендот за течен кармин кој Нора го рекламира, малку да не звучи незгодно: „Кисс ми – Кита“.
Она со бакнежот на англиски сите го разбираат, ама оние кои не знаат за што е синоним на српски зборот „кита“, кога ќе дознаат и ќе го поврзат со бакнувањето, може да биде малку незгодно… Или многу смешно, сеедно!
Фото и видео: Инстаграм/__elle.m__