Поранешната американска порно актерка Лана Роудс (вистинско име Амара Мејпл) со 13 милиони следбеници на Инстаграм нема претерана причина да се жали на популарноста и страста што ја чувствуваат мажите ширум светот додека ја гледаат.
Сепак, Лана е во депресија во последните неколку недели, поради што започнала да оди и на психотерапевт.
„Една година немам секс надвор од камерите и студијата. Една година не се чувствувам заљубено, спонтано, опуштено. На почетокот ми се допаѓаше инстант популарноста, но во последните неколку месеци бев згрозена и се повлеков“ – се пожали Лана и додаде:
„Депресивна сум затоа што не можам да најдам човек што ми одговара. Некој, кој ќе ме сака. Секој што го сретнав последниве месеци исклучиво ме гледа низ порно призма. Почнав да го презирам тоа. Нема повеќе додворување, прошетки, романтични излегувања. Тие мислат дека сум како во филмо – гледаат веднаш да ме легнат и удри“ – несреќена е Лана.
„Не жалам што снимав 12 месеци без престан, што имав повеќе секс отколку сите мои пријателки заедно, што ќе имаат до крај на животот. Сега само сакам да запознаам некој што ќе ме сака, од дното на душата, од срце, како да не сум онаа Лана“ – вели оваа бивша порно актерка чие име е се’ уште едно од најпопуларните на сајтовите за возрасни.