Ќерката на Звездан Терезиќ, Маша Терезиќ наскоро ќе стане мајка.
Како што пишува телеграф. рс, Маша е во четвртиот месец од бременоста и на своите најблиски им го открила и полот на бебето.
Нејзиниот термин за породување е крајот на јуни оваа година кога ќе роди момче.
-Маша е многу возбудена поради нејзината нова улога. Таа и нејзиниот партнер се свршија пред два месеци кога од партнерот доби два прстени, а свадба не планираат додека не се роди бебето. Нејзиното момче не живее во Белград и се занимава со сериозна работа поради што не сака да се појавува во јавност. Венчавката ќе биде лето во странство кога ќе се роди синот, вели извор за телеграф. рс и додава:
-Тие се заедно една година и Маша го следи во секој негов чекор бидејќи често патува поради неговата работа. Тие супер се согласуваат и нејзините пријатели велат дека никогаш не била посреќна. Заедно одлучија Маша да се породи во странство, вели изворот.
Маша не се огласи по написите дека е бремена.
фото: принтскрин/инстаграм/машатерезиќ