Ѓорѓе Ѓоковиќ, најмладиот брат на тенисерот Новак Ѓоковиќ и студентката од Белград, Тијана Ралиќ не се заедно од 2019 година, отткако и ставија точка на врската по четири години забавување.
Според извори блиски до парот, до раскинувањето дошло бидејќи и двајцата биле посветени на обврските, додека Ѓорѓе Ѓоковиќ работел во Белград, Тијана студирала во Милано. Таа дистанца, како што рекоа, била главниот виновник за раскинување на овие двајца млади.
Дека не одело се така лесно и опуштено, говори и фактот што денес, три години подоцна, Тијана се’ уште зборува за таа врска и за чувствата кои ги имала по раскинувањето.
Таа одговараше на прашања на Инстаграм, а меѓу другото нејзините следбеници ја прашаа: „Дали е вистина дека бившиот сакаше да се земете, а ти не сакаше , па затоа раскинавте?“
„Вистина е, тој сакаше, а јас не, но не го оставив поради тоа“- напишала Тијана, а потоа продолжила да одговара на прашањата за раскинувањето.
„Дали е тешко да се прекине врската по шест години?“ – ја прашале Тијана.
„Не ме прашувајте ништо. Страшно ми беше тешко, затоа што се надевав дека нешто ќе се смени, но кога ќе надраснеш некоја личност и општо врска, не вреди да се надеваш дека ќе биде подобро, затоа одма пресечи. Секое чекање само ви отежнува вам и на личноста со која сте во врска“ – заклучила таа на својот Инстаграм профил.
Фото:Принтскрин/Инстграм/tijanaaar/Александар Димитријевиќ