Марина Гагиќ, поранешната свршеница на фолк пејачот Дарко Лазиќ, која му роди и син, по раскинувањето со него целосно се повлече од јавноста.
Но, сега Марина ги изненади корисниците на социјалните мрежи со „жешки фотографии“ и видеа од Дубаи.
Марина Гагиќ, иако не беше јавна личност пред врската со Дарко, наголемо се пишуваше за неа додека беше со фолкерот, а сега ги изненади сите со сет фотографии од песочните плажи на Обединетите Арапски Емирати.
Таа позираше во костим за капење, покажувајќи го своето неверојатно тело и предизвика лавина од коментари, зашто Марина никогаш не изгледала поубаво, позаводливо и посекси.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ неодамна имаше операција за затегнување на вишокот кожа, по што имаше компликации поради кои заврши во болница.
Фото: Инстаграм принтскрин/gagicmaeva