Откако стана мајка и на свет ја донесе малечката убавица со необично име Кара Розмари, некогашната манекенка и топ модел Цеце Георгиев (порано Орешкова) тргна да се врати во топ форма. Изгледот и килограмите експресно ги донесе во склад со телесната конфигурација, па веднаш потоа одново да се впушти во споделување на телесниот раскош, на фотографии преку социјалните мрежи.
Фотографирањето и фотосесиите не се ништо ново и необично за неа уште од времето на „златната ера на нејзината кариера“ кога како мачка на две нозе суверено чекореше по модната писта и позираше пред фотообјективите.
Затоа Цеце неретко умее да се потсети на „младоста“, но овој пат како атрактивна „секси мама“, која и покрај промената на статусот и мајчинството, не ги променила навиките – кога нема што да прави, да се соблече гола. Дали поривот да го овековечи моментот на фотографија заради подоцнежни спомени или чисто од уметнички причини или можеби заради нешто што се вика испраќање на скриена порака до оние, кои сами ќе се препознаат во неа?
Како и да е, само голата Цеце знае, кому му ги упатила овие еротски поздрави, со кои, барем според прикажаното на споделената фотографија, сака да му покаже и докаже дека можеби не е тинејџерка, ама затоа се’ уште е повеќе од атрактивна, сексапилна, привлечна, пожелна… дама. Гол поздрав до хејтерите, па кој сфатил – сфатил, кој не и не мора…
Иако, оние другите -„лајкерите“, со душа би посакале некој од „хејтерите“ што почесто Цеце да ја провоцира, ако веќе расната „секси мама“ на провокациите вака им реплицира.
Со фото-докази, „црно на бело“ и раскошно голо тело!
Фото: Инстаграм принтскрин – Цеце Георгиев/Мики Трајковски – Манца