Богдан Срејовиќ, новото момче на балканската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, по разводот со мисицата Зорана Тасовац, со која беше оженет и со која има ќерка, бил во врска со архитектката и дизајнерка Владана Радосављевиќ, со која се забавуваше до 2018 година.
За неа се слушна во јавноста кога медиумите кон крајот на 2016 година објавија дека непознато лице ја нападнало Владана во близина на нејзината зграда во белградската населба Дорќол и и’ истурило киселина врз лицето. Богдан ја оставил пред зградата, а додека тој го паркирал автомобилот, манијакот ја искористил можноста и ја нападнал од одзади. Само што ја видел како лежи на подот, Срејовиќ веднаш ја однел Владана во Ургентниот центар, каде таа беше задржана во болницата со изгореници од шести степен и оштетен вид.
Инаку, во тој период непознато лице напаѓало девојки во центарот на Белград и им правело идентични работи, па се претпоставува дека Владана била една од неговите случајни жртви. После тешкиот период на рехабилитација таа успеа да се опорави, а Богдан и бил за цело време голема поддршка.
Две години по инцидентот, во 2018-та година таа ќе се присети на овој настан и ќе објави на Инстаграм како изгледала по нападот.
„Месец декември (велат месец на прошка), точно две години од нападот и истурање киселина (жива сода) врз мене од страна на „напаѓачот Н. Н. Треба да се ослободам од секоја физичка и психичка болка, како и од последиците што ми ги остави овој настан. Фала му на Бога што ме одржуваше во живот и што речиси се опоравив. Повеќе не се гледам себеси како жртва, туку како победник. Во оваа прилика, се обидувам да му простам и да го жалам тој кутар маж / жена што можеше да помисли на вакво нешто. Се надевам дека го / ја усреќило секое мое изгорено делче од шести степен, изгорената коса, секоја рана, оштетениот вид и секоја голтка храна на цевка. Но, сè поминува и се лекува и се обновува, само злото останува во таквите луѓе“ – напиша тогаш Владана.
Фото: Инстаграм принтскрин