Поранешната манекенка и членка на женската вокална група „Моделс“, атрактивната Ивана Стаменковиќ – Синди повторно ги изненади своите следбеници со провокативна фотографија на која никој не би рекол дека е во петтата деценија од животот.
Синди позира во бикини на Инстаграм, а со своите објави речиси секогаш знае ги воодушеви нејзините следбеници.
„Плочките“ на стомакот, како и затегнатите нозе укажуваат дека покрај мајката природа, убавицата и тоа како се грижи за својата става.
„Стегната како и секси“, „Тело од милион долари“, „Не ти требаат филтри“, се само дел од бројните комплименти што ги добива Синди.
Да потсетиме, Синди неодамна за прв пат во јавноста го покажа своето момче, а колку ужива во љубовта покажуваат и фотографиите кои ги споделува со своите фанови.
На една од последните е сликана за новогодишната ноќ, каде позира со избраникот.
Фото: Инстаграм принтскрин/sindi_models