Мегафон

„Битолскиот камерен оркестар“ со гала филмски концерт во Скопје

„Битолскиот камерен оркестар“ со гала филмски концерт во Скопје

Камерниот оркестар на Битола на 25 октомври ќе одржи гала филмски концерт во Македонската опера и балет. Заедно со оркестарот, предводен од маестро Владимир Димовски, ќе настапат и солистите: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Ѓоко Танески и Марија Димитријевиќ. 

Концертот во Скопје доаѓа по успешната летна турнеја, во чии рамки музичарите настапија на летните фестивали во родната Битола и во Струмица, како и во Ужице, соседна Србија, а до крајот на годинава се очекува и уште еден традиционален концерт во битолскиот Центар за култура.

To top