Мегафон концерти

Битолскиот камерен оркестар по Рок, ќе изведе и „Електро симфонија“

Битолскиот камерен оркестар по Рок, ќе изведе и „Електро симфонија“

Камерниот оркестар на Битола изминативе години ја воодушевува публиката во целиот регион со одличната „Рок-симфонија“, а билет повеќе се бараше и за нивните концерти насловени „Дамска симфонија“, „Засекогаш во срцата“, „Џејмс Бонд симфонија“, „Џон Вилијамс симфонија“… А сега, на ред дојде и најновиот проект на музичката дружина предводена од маестро Владимир Димовски, кои на 8 август на ракометното игралиште во Битола ќе ја претстават новата „Електро-симфонија“.

Како и на претходните концерти, така и на овој ќе имаа специјални гости што ќе настапат како вокални солисти, па публиката ќе има можност да ги слушне нивните македонски колеги Сара Мејс, Агни Авшар  и Светлана Јовановска, како и гостинките од Бугарија – Маги Џанаварова и Ели Раданова.

To top